Утрински Весник
Македонија

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер

Screenshot 20250701 180854 facebook.jpg

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Пожар кај с. Фурка во Дојран гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени:


ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

ДППД Дојран со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарот.

МВР ќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ