Утрински Весник
Свет

Маж избол 11 лица во Америка, возел велосипед и по случаен избор напаѓал луѓе во градот

Маж избол 11 лица во Америка, возел велосипед и по случаен избор напаѓал луѓе во градот

Непознат маж избол 11 лица во Албакерки, во американската сојузна држава Ново Мексико.

Мажот е уапсен и се наоѓа во притвор, пренесуваат тамошните медиуми.

Локалните медиуми јавија дека осомничениот возел велосипед и по случаен избор со голем нож нападнал луѓе во неколку делови од градот.

Полицијата соопшти дека истражува седум различни локации каде се случил нападот и дека сите жртви се во стабилна состојба.

Детали за напаѓачот не се објавени.

Можете да прочитате

Штајнмаер предупреди: Екстремизмот ги загрозува демократијата и единството на Германија

Бразил денеска избира претседател: Лула и Флавио Болсонаро во трка за власт

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари