Утрински Весник
Македонија

Продолжува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Продолжува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=7

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР со детали за тепачката меѓу навивачките групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока

Фрчкоски: СДСМ бара истрага и кривична одговорност од Мицкоски и Славески за Алта банка