Утрински Весник
Македонија

Продолжуваат преговорите за платите во образованието

Денеска продолжуваат преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници, откако во средата не беше постигнат напредок.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.

Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.

Можете да прочитате

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите  

Реџеп Исмаил за медиумското ембарго за Левица: Што е следно – забрана за избори или затвор?

(ВИДЕО/ФОТО) Болници под секакво достоинство: Скапани душеци на Трауматологија, голубарници на Кардиологија