Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО/ФОТО) Болници под секакво достоинство: Скапани душеци на Трауматологија, голубарници на Кардиологија

Whatsapp image 2025 09 23 at 15.03.04 fc92c0f9.jpg

Откако 24инфо.мк вчера сподели хорор видео за состојбата во лабораторијата на поликлиниката „Јане Сандански“ граѓани до нашата редакција испратија нови материјали.

Ново видео за болничките услови стигна од Клиниката за трауматологија.


Пациентите кои се опоравуваат од скршеници лежат на распаднати и скапани душеци.

На видеото се забележува и дека истите со во многу валкана состојба.

Ако на Трауматологија има скапани душеци, на клиниката за кардиологија во самата зграда, дури и на повисоките катови, буквално живеат голуби кои се чини се одомаќиниле на клиниката.

Пациенти сведочат дека тие си се шетаат по ходниците дека живеат во вентилациските цевки и во противпожарните скали иако се знае дека голубите се извор на многу зарази.

Можете да прочитате

Ученичко насилство со нож ја потресе Македонија – обвинителството отвори постапка

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка