Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанец кој криел пиштол во својот автомобил

Притвор за скопјанец кој криел пиштол во својот автомобил

Обвинителството во Велес до Основниот суд поднесе Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил марка Фолксваген голф 5, обвинетиот држел огнено оружје – пиштол марка Берета со калибар 7,65 мм за кој немал дозвола за поседување. Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за подесување на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото“, велат од Обвинителството.

Истовремено, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа

ВЛЕН: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите