Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец на уметнички слики, а дел од одземеното вратено на сопственикот

Dik 300x250 mk

Приведен е 33-годишен скопјанец, по кого била распишана локална потерница, поради кражба на уметнички слики.

Според информациите од МВР, Е.Д. извршил две тешки кражби на уметнички слики на 26 и 27 јуни годинава.

Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот.

Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Можете да прочитате

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешен директор и вработени под истрага за злоупотреба на службени патувања

Утре сончево време со температура до 21 степен