Утрински Весник
Македонија

Приведена Германка на аеродромот во Скопје

Приведена Германка на аеродромот во Скопје

Полицијата привела 37-годишна жена од Германија откако по пасошка контрола било констатирано дека истата го има пречекорено дозволениот престој.

Според информации од МВР, вчера во 11:00 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Р.Ш.(37) од Германија го пречекорила дозволениот туристички престој на странец во државата од 90 дена во период од 180 дена.

Таа била приведена во полициска станица за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Лимани: Започнуваат работите за шест спортски терени во Гостивар – инвестиција за младите и за заедницата

Советници на СДСМ открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта

Битиќи: Нашето општество станува ксенофобичен монструм