Утрински Весник
Свет

Претседателот на Аргентина и министрите во изолација

Претседателот на Аргентина и министрите во изолација

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез и неколку владини министри влегоа во самоизолација откако беа во контакт со службено лице заразено со коронавирус, соопшти денеска аргентинската влада.

Фернандез е тестиран негативен, но тој сепак ќе остане во самоизолација, се вели во соопштението.

Се додава дека министрите за внатрешни и надворешни работи, како и министерот за родова еднаквост, сè уште ги чекаат резултатите од тестот, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот и министрите беа на состанок со секретарот на Претседателството за стратешки прашања, Густав Белис, кој беше позитивно тестиран.

Аргентина е меѓу најтешко погодените земји од коронавирус, со 1,27 милиони заразени и 34.531 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Загубите на американските авиони во судирите во Иран се зголемија на седум

Иран постави пет услови за завршување на војната

Полициски службеници „оставиле торба со оружје“ пред домот на градоначалникот на Лондон