Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Сончево време со температура до 30 степени
Dik 300x250 mk

Претпладне  времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места и особено во источните делови ќе е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни. Долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени