Утрински Весник
Спорт

Почина познатиот италијански тренер Луиџи Симони

Почина познатиот италијански тренер Луиџи Симони

Рим, 22 мај 2020 (МИА) – Познатиот италијански тренер Луиџи Симони почина денес на 81-годишна возраст, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Во јуни минатата година Симони доживеа мозочен удар. Оттогаш, тој се бореше за своето здравје, но успеа да се опорави.

Како фудбалер, Симони играше за Мантова, Наполи, Торино, Јувентус, Бреша и Џенова.

Како тренер, тој водеше многу италијански клубови, вклучувајќи ги Наполи и Интер. Во 1998 година, Симони го предводеше клубот од Милано до трофејот во Купот на УЕФА. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко