Утрински Весник
Македонија

Вчера во Скопје МВР изрекла 219 казни за возачи на мотоцикли

Img 8233.jpeg

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје,  Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. 

Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига,  шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за  нерегистриран мотоцикл,  две мерки затоа што не застанале на даден знак и  129 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.

При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен


Можете да прочитате

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Нова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

ВЛЕН: Не сме уште една партија, туку сме поголема сила!