Утрински Весник
Култура

Почина актерот Митко Апостоловски

Почина актерот Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.

Апостоловски дипломирал на Отсек за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Наридниот театар во Куманово, а од 1995 пак во Битолскиот театар.

Меѓу бројните улоги в театар, ТВ и на филм се и во филмовите „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

Можете да прочитате

Концерт за виола и пијано на „Охридско лето“

Отворен форумот за локални практики во филмската дејност

Големата пијанистичка ѕвезда Валентина Лисица вечерва на „Охридско лето“