Утрински Весник
Македонија

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња, потврди Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Прекинот траел кратко време додека биле пребројани гласачките ливчиња кога било утврдено дека вкупниот број се согласува.

„ Добивме информација за краток прекин на гласањето во Лојане, но причината била несогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека изборачкиот одбор не ги пребројал ливчињата. Утврдиле дека има толку ливчиња колку што избирачкиот одбор пребројал. За целата ситуација има посебен записник. Гласањето продолжило и тече без прекини“, објасни портпаролот Шабани.

До ДИК до 15 часот официјално нема стигнато приговор за изборниот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лимани: Започнуваат работите за шест спортски терени во Гостивар – инвестиција за младите и за заедницата

Советници на СДСМ открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта

Битиќи: Нашето општество станува ксенофобичен монструм