Утрински Весник
Спорт

Овојпат немаше „чудесен камбек“ – Веспрем убедливо преку Вардар до СЕХА трофејот

Овојпат немаше „чудесен камбек“ – Веспрем убедливо преку Вардар до СЕХА трофејот
Dik 300x250 mk

Унгарскиот Веспрем не му даде шанса на „обновениот“ Вардар и го совлада со 35:27 (15:12) за да ја освојат својата трета титула од СЕХА лигата, прекинувајќи ја шампионската низа на „црвено-црните“.

За разлика од полуфиналето против ППД Загреб, кога „црвено-црните“ успеаја да се вратат во драматична завршница и да победат на пенали, против Веспрем се започна лошо, и во ниту еден момент не се успеа да се доближи до унгарскиот тим.

Веспрем поведоа со 3:0, па со 5:1 на почетокот на мечот, и Вардар со малку среќа успеа да се доближи на само три гола разлика (15:12) по половина час игра. Во второто полувреме, Веспрем не дозволи македонскиот тим да се доближи и во 43. минута веќе имаше предност од 23:17, практично решавајќи го победникот на мечот и освојувачот на титулата.

Глеб Калараш со шест гола и Ловро Јотиќ и Патрик Валчак со четири гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај победниците, Петар Ненадиќ постигна пет гола, а  Дејан Манасков, Андреас Нилсон и Мате Лекаи имаа по четири гола.

Ова е трет трофеј од СЕХА за Веспрем по победите во 2015 и 2016 и слатка одмазда на унгарскиот тим за поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Вардар останува најтрофеен тим во СЕХА со пет трофеи, Веспрем има три, а ППД Загреб една титула.

Фото: СЕХА лига

> Овојпат немаше „чудесен камбек“ – Веспрем убедливо преку Вардар до СЕХА трофејот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа