Утрински Весник
Магазин

Николас Кејџ се ожени по петти пат

Николас Кејџ се ожени по петти пат

Николас Кејџ потврди дека тој и Рико Шибата го врзале јазолот минатиот месец.

56-годишниот актер откри дека младенците биле многу среќни по нивната многу мала и интимна венчавка во хотелот „Вин“ во Лас Вегас.

Во разговор со магазинот „Пипл“ тој рече: „Вистина е, многу сме среќни“.

Ова е петти брак на 56-годишниот актер. Тој и 30 години помладата Рико (26) се венчаа на 16 февруари, еден вид симболика што го обележува роденденот на покојниот татко на Кејџ, Аугуст Копола.

Претставник на холивудскиот актер изјави за магазинот: „Датумот беше избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот“.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот