Утрински Весник
Економија

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Бројот на работници во индустријата во јануари годинава е помал за 3,2 отсто во споредба со јануари 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има опаѓање кај Енергија за 0,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти, додека пораст има кај Капитални производи за 1,5 отсто. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот

Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани во летната сезона

Просечната нето-плата во февруари годинава е 46.159 денари