Утрински Весник
Спорт

Надал не оди во Њујорк, смета дека календарот е варварски

Надал не оди во Њујорк, смета дека календарот е варварски
Dik 300x250 mk

САД опен оваа година ќе се оддржат без актуелниот шампион, Рафаел Надал, кој потврди дека нема да патува во Њујорк за гренд слем турнирот поради корона вирусот, и во исто време го нападна ревидираниот тениски календар како „варварски“.

„По повеќе размислувања решив да не играм на САД опен. Ситуацијата во светот е компликувана, случаите на КОВИД-19 раснат и излега дека уште немаме контрола над тоа. Знаеме дека намалениот тениски календар е варварски оваа година по четири месеци пауза, но ги сфаќам напорите кои се прават за да има тенис. Мадрид нема да се игра оваа година“, вели Надал.

Веднаш по САД опен во Њујорк ќе следува преместениот Ролан Гарос, каде што Надал има освоено 12 трофеи.

„Ова не е одлука која ја правам лесно, но решив да го следам срцето и засега да не патувам“, вели Надал.

Бидејќи Роџер Федерер нема да игра по операцијата на коленото, САД опен ќе биде првиот гренд слем од 1999 година во кој во главната ждрепка не се ниту Надал, ниту Федерер.

> Надал не оди во Њујорк, смета дека календарот е варварски <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа