Утрински Весник
Свет

Милановиќ: НАТО доволно се прошири кон исток, доста е

Милановиќ: НАТО доволно се прошири кон исток, доста е

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека е против проширување на НАТО каде било и дека ќе се спротивстави додека е на оваа позиција.

„ Доволно е проширување на НАТО. Проширувањето на НАТО е фигуративен напад. Додека јас сум претседател, ќе бидам против НАТО да се прошири каде било“ рече Милановиќ.

Тој изјави дека го оправдува рускиот претседател Владимир Путин.

„ Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува хрватскиот интерес. Бидејќи сме во НАТО, утре некој може да испрати наши луѓе. Путин е постар човек, ќе си замине. Русија нема да замине. Во еден момент треба многу да се каже, каде е крајот на НАТО“ рече тој.

Милановиќ ги праша новинарите дали ќе преземат одговорност и дали ќе го испратат своето дете таму.

„ Откако ќе се обврзете, нема враќање назад. НАТО доволно дојде на Исток, доста е“ јасен е хрватскиот претседател.

Тој посочи дека тоа што го кажува денеска го зборува во здрав разум, од искуство, како хрватски претседател.

Милановиќ рече дека Украина повикува на смирување на тензиите и гледаме, вели тој, како се уништува сиромашна земја со разгорување на паника.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина