Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 јуни 2019 (/) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49) од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта. Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари.

Регионалниот центар за Гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.А.(22) од село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 20 јуни 2019 година во населба „Карпош“ во Куманово, во неговото возило „Опел”, полициски службеници пронашле 11 лица – мигранти од Бангладеш.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, на 22/23-јуни, во периодот од 22 до 4 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возила под дејство на алкохол. Констатирано е дека под дејство на алкохол биле 27 возачи (ТЕ-21 и ГВ-6) кои соодветно се санкционирани со мандатни платни налози и истите се исклучени од сообраќај со привремено одземање на возачката дозвола. Констатирани се и 36 други прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-17) од други учесници во сообраќајот, кои се санкционирани со соодветни поднесоци.

Вчера во 14:15 часот во СВР Битола било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (57), по што извршил самоубиство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера околу 18:50 часот е приведен Б.Г.(36) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник што извршувал службено дејство. При преглед кај него биле пронајдени и одземени три ножа, марихуана и други предмети. По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21 часот во СВР Скопје, Д.Т.(25) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Стајковци, скопско, бил физички нападнат од Б.Т.(30) од с.Брњарци, скопско. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 23 часот во СВР Скопје, Г.А.(42) од Скопје пријавил дека на улица „Марко Крале“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од сосетката Т.Н. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 20:30ч. Н.Т.(18) од Скопје пријавила дека во угостителски објект во Градски парк била физички нападната од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера 22 во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје две лица фрлиле запалива течност. Повредени лица нема, а делумно оштетена е само влезната врата од објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 9 часот во СВР Скопје, вработена во маркет на улица „Ѓорче Петров“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија