Утрински Весник
Магазин

Мадона го бодри синот фудбалер заедно со својот многу помлад љубовник

Мадона го бодри синот фудбалер заедно со својот многу помлад љубовник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадона не е обична мајка, таа е кул мајка.

62-годишната поп кралица беше забележана како навива за својот 15-годишен син Дејвид на фудбалски натпревар изминатиот викенд, во друштво со своето 27-годишно момче „играчка“, како што го нарекуваат таблоидите, Ахламалик Вилијамс.

Двајцата се држеа за рака на маргините на младинскиот спортски настан во Лос Анџелес во неделата.

Младата фудбалска надеж Дејвид имаше доста навивачи покрај Мадона и нејзиниот партнер, бидејќи им се придружија многу пријатели и членови на семејство, вклучувајќи ја и 15-годишната сестра Мерси Џејмс.

Најмалите деца на Мадона – осумгодишните близначки Стела и Естер – исто така беа присутни и ја покажаа својата поддршка за нивниот постар брат.

Ахламалик веќе е дел од семејството, и по мечот го прегрна Дејвид.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”