Утрински Весник
Економија

„Луфтханза“ ќе отпушти 29.000 вработени до крајот на годината

„Луфтханза“ ќе отпушти 29.000 вработени до крајот на годината

Германската авио-компанија „Луфтханза“ до крајот на годинава ќе додели 29 илјади откази, пишува „Билд“. Надвор од Германија се очекува отпуштања на 20.000 работници, а компанијата ја продава и својата кетеринг единица ЛСГ, која има 7,5 илјади вработени.

На тој начин бројот на вработени во „Луфтханза“ ширум светот ќе се намали на 109.000.

Следната година во Германија ќе бидат укинати дополнително 10.000 работни места.

Компанијата веќе потрошила три до девет милијарди евра државна помош, која ја доби на почетокот на годината.

Извршниот директор на компанијата, изјави претходно дека „Луфтханза“ има вишок од 27.000 вработени со целосно работно време.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток