Утрински Весник
Свет

Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компаии се најдоа пред Конгресот

Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компаии се најдоа пред Конгресот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компании – на „Фејсбук“ Марк Цутерберг, на „Амазон“ Џеф Безос, на „Алфабет“ Сандер Пичаи и на „Епл“ Тим Кук, сведочеа пред Конгресот.

Шефовите на технолошките гиганти одговараа на прашања на конгресмените преку видео-линк, а главна тема на испрашувањето била дали нивните компании станале предоминантни на пазарот.

Испрашувањето, кое во медиумите во светот се оценува како историско, траело повеќе од пет часа, а пратениците изнеле „милиони страници со докази“ собрани за време на години истрага за овие компании.

За време на сослушувањето изнеле информации собрание од внатрешни документи и разговори со анонимни извори од овие големи компании.

Како што се наведува, Цукерберг бил најжестокот критикуван поради купувањето на „Инстаграм“.

„Епл“ претрпел осуда поради „Еп стор“ и поради тоа што ги блокира конкурентите да го користат.

Најинтезивна критика на сметка на „Гугл“ дошла поради политички реклами и постапување со конкурентите, додека за сопственикот на „Амазон“ најголем број прашања биле и за начинот на третирање на трети брендови на веб страници.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос првпат се најде пред Конгресот, а медиумите контатираа дека речиси чќас и половина бил игнориран, зошто никој не му упатил прашање за тоа време.

„Амазон“, „Фејсбук“ и „Гугл“ заедно држат 62 отсто од огласите на интернет во САД и чинат пет милијарди долари од американската економија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД