Утрински Весник
Свет

Лавров: Москва е подготвена за нормализација на односите со ЕУ но само врз принципот на еднаквост

Лавров: Москва е подготвена за нормализација на односите со ЕУ но само врз принципот на еднаквост
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ги нормализира односите со Европската Унија, но врз основа на принципот на еднаквост.

„Уште еднаш, сакам да ја потврдам нашата подготвеност за нормализирање на односите со ЕУ, но само доколку на сите им е јасно дека разговорот ќе го водиме врз основа на еднаквост и взаемно почитување, во потрага по рамнотежа на интереси, а не врз основа на еднострани потези и прелиминарни услови “, рече Лавров, по состанокот со неговиот словенечки колега Анже Логар во Москва.

Тој посочи дека Москва е загрижена за потезите на Брисел во врска со поткопувањето на механизмите за соработка со Русија.

Тој додаде дека таквата загриженост му ја пренел и на неговиот словенечки колега затоа што официјалниот став на Европската Унија се формира врз основа на позициите на „агресивно малцинство кое страда од русофобија“, пренесуваат руските агенции.

Логар изјави дека официјална Љубљана е загрижена за „зголеменото воено присуство на Русија на границата со Украина“, како и за ситуацијата со присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск.

Можете да прочитате

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Белорусија прикажа распоредување на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“