Утрински Весник
Свет

Крипто-кралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: Украла повеќе од 4 милијарди долари

Крипто-кралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: Украла повеќе од 4 милијарди долари

Бугарката Руја Игнатова, позната и како „крипто-кралица“ се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја обвинија дека измамила луѓе за повеќе од четири милијарди долари преку нејзината криптовалута „onecoin“.

Таа исчезна во 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за нејзино апсење.

Игнатова го водеше проектот „OneCoin“ и на почетокот на 2014 година на клиентите им понуди провизија доколку ја продадат криптовалутата на поголем број луѓе. Но, ФБИ тврди дека „onecoin“ бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути.

ФБИ ја стави Игнатова на листата на најбарани бегалци, а се бара и помош од јавноста за да ја фатат. Вчера понудија награда од 100.000 долари за каква било информација за тоа каде се наоѓа „криптокралицата“, како што ја нарекуваат.

Би-Би-Си соопшти дека една од причините зошто Игнатова е толку тешко да се најде е тоа што исчезнала со најмалку 500 милиони долари, што ѝ помогнало да се скрие од законот.

„ Веруваме дека има висококвалитетни лажни лични документи и дека го променила изгледот. А можеби и не е веќе жива”, изјави новинарот Џејми Барлет, кој со години го истражува целиот случај.

Игнатова последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Можете да прочитате

Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Разбојници во Италија ископале тунел под банка и се заглавиле па повикале полиција на помош

Борут Пахор: Решението е сите земји од Западен Балкан што побргу да влезат во ЕУ