Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави против малолетници кои ограбиле две цркви

Кривични пријави против малолетници кои ограбиле две цркви

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Како што информираат од МВР, во периодот од 11 до 25 јули годинава, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во селото Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во селото Туденце и одзеле пари.

Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово, со пријавените бил извршен службен разговор.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола