Утрински Весник
Свет

EK предлага ковид-сертификатите да не важат подолго од 9 месеци

EK предлага ковид-сертификатите да не важат подолго од 9 месеци
Ss2

Европската комисија денеска предложи дигиталните ковид-сертификати да важат девет месеци по добивањето на препорачаните дози на вакцината против Ковид-19.

Комисијата го претстави предлогот за препораки за безбедно патување во рамките на ЕУ, кои треба да важат од 10 јануари следната година.

Img 5587

Комисијата ги повикува земјите-членки веднаш да ги преземат неопходните чекори за да обезбедат пристап до вакцина за оние за кои наскоро ќе минат девет месеци од последната препорачана доза што ја примиле.

Во однос на дополнителните, бустер дози, од Комисијата велат дека во моментот нема студии за ефективноста на бустер дозите во поглед на преносот на вирусот и затоа не е можно да се утврди периодот на важност на сертификатите, по вакцинацијата.

„Сепак, имајќи ги предвид податоците што се појавуваат, може да се очекува заштитата од бустер дозата да трае подолго од заштитата од првата серија вакцини“, наведува Комисијата, додавајќи дека внимателно ќе ги следи новите научни докази и, доколку е потребно, ќе предложи соодветен период во кој дигиталните сертификати би важеле по добивањето на бустер доза.

„Лицата кои поседуваат валиден дигитален сертификат, во принцип не би требало да подлежат на дополнителни ограничувања и барања, како што се тестирање и карантин, без оглед каде од ЕУ патуваат во рамките на Унијата. Од лицата без такви сертификати може да се бара да бидат тестирани пред поаѓање и по враќање од патувањето“, велат од Комисијата.

Комисијата, исто така, предлага промени на боите на картата на Европа, што главно се користат за информативни цели, но може да се користат и за координирање на мерките. Комбинација од новите случаи на инфекција и стапката на вакцинација ќе се зема предвид при означување на поединечни области со бои.

За патувања од области означени со зелено не би требало да има никакви ограничувања, додека патувањата од темноцрвени зони би требало да се обесхрабруваат, а луѓето кои патуваат од овие области, а не биле вакцинирани, ниту пак прележале Ковид-19, мора да се тестираат пред да заминат на пат и да одат во карантин по пристигнувањето.

Исклучок од предложените мерки треба да важи за луѓето кои живеат долж граница што ја минуваат секојдневно, за децата под 12 години и за луѓето кои патуваат од важни причини.

Ss1

Можете да прочитате

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа