Утрински Весник
Свет

Крамп-Каренбауер: На Германија и треба разумен соседски однос со Русија

Крамп-Каренбауер: На Германија и треба разумен соседски однос со Русија

На Германија и треба разумен соседски однос со Русија, но треба да биде подготвена да ги заштити своите национални интереси, доколку е потребно, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Во интервју за германски „Цајт онлајн“, таа ја обвини Русија дека е многу агресивна во одбраната на своите интереси, пренесува ТАСС.

„Ни треба разумно соседство со Русија“, рече Крамп-Каренбауер и додаде дека во исто време Берлин треба да претстави јасно дефинирана позиција и да покаже дека е подготвен да се одбрани во случај на сомнеж.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината