Утрински Весник
Свет

Институтот„Роберт Кох“ објави список на земји од кои Германците се враќаат најчесто заразени од коронавирус

Институтот„Роберт Кох“ објави список на земји од кои Германците се враќаат најчесто заразени од коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Институтот „Роберт Кох“ го објави својот редовен неделен извештај за состојбата на пандемијата во Германија, во кој, меѓу другото, се анализира колку Германци се заразиле од коронавирус за време на одморот во странство.

„Инфекциите со Ковид -19, што веројатно се случиле за време на патување или на одмор, играат зголемена улога во сегашната стапка на новозаразени во Германија“, велат од Институтот.

Во извештајот е опфатен период од четири недели.

Од 28 јуни до 25 јули пријавени се 3.662 случаја на новозаразени, а се претпоставува дека пациентите биле изложени на коронавирус во странство.

Според податоците на овој Институт, повеќето од жителите на Германија се заразени од коронавирус во Шпанија во изминатиот период (1.247 луѓе).

Турција е на второ место (249), а Холандија е на трето место (203).

Хрватска е на четврто место (197), а Грција е петта (180 заразени).

Од шестото до десеттото место се Русија, Франција, Италија, Австрија и Данска.

Се разбира, повеќето Германци се заразени од коронавирус во Германија (81 процент од новите инфекции), потенцираат од Институтот.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми