Утрински Весник
Магазин

„Инстаграм“ тестира нова опција

„Инстаграм“ тестира нова опција

Социјалната мрежа за споделување фотографии и видеа започна со тестирање на опцијата за приватни лајкови на приказни (Инстаграм-стори), но моментално ограничен број на корисници ја имаат оваа опција.

„Инстаграм“ потврди дека оваа функција не е широко достапна и дека е видлива за помал број корисници во оваа фаза, и додаде дека конечниот број на лајкови е видлив само за тие што ја објавила приказната и не сакаат оваа нотификација да биде јавна.

„Секогаш работиме на начини да помогнеме во поврзувањето на луѓето. Ги тестираме лајковите на приказните, а тоа е начин луѓето да реагираат на приказните, а реакцијата да е видлива само за авторите“, изјави за TechCrunch портпаролот на „Инстаграм“.

Можете да прочитате

Селин Дион се врати на сцената по шест години: „Ветив дека повторно ќе пеам“

Алармантно предупредување: Секоја деветта птица преселница би можела да исчезне

Овој метод на пешачење е најголемиот тренд за 2026