Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Инзаги се заблагодари за добредојдето, призна дека Интер ја „загубиле главата“

Инзаги се заблагодари за добредојдето, призна дека Интер ја „загубиле главата“
Dik 300x250 mk

Симоне Инзаги признава дека Интер ја „загубиле главата“ на „Олимпико“ по контроверзите при 3:1 поразот од Лацио, велејќи дека не смееле да дозволат противниците да се вратат во игра, но се заблагодари на навивачите на Лацио кои го поздравија со транспарент нивиот поранешен тренер.

Интер беа лути што Фелипе Андерсон го постигна водечкиот гол за 2:1 во моменти додека Федерико Димарко лежеше повреден, што предизвика турканица меѓу фудбалерите, пред на крајот Сергеј Милинковиќ-Савиќ да го реши мечот.

„Тим кој води со 1:0 не треба да прави толку грешки во обид да постигне втор гол. Им дозволивме да се вратат во игра, да дадат чуден втор гол и ги загубивме главите. Такви работи не смеат да се случуваат, бидејќи судијата треба да го сопре мечот. На квалитетен тим како Лацио не им даваш шанса да се вратат во игра“, вели Инзаги.

Вечерта не почна со тензии, откако Инзаги доби топол поздрав пред стартот на мечот од ултрасите на Лацио, и тој ги поздрави на „Курва норд“ трибината, а тие вратија со транспарент во кој потсетија дека Инзаги 22 години како фудбалер и тренер ги носел боите на Лацио.

„Да, тоа беше емотивно. Бев среќен што ги видов моите фанови, им се заблагодарувам. Но, кога почнува мечот, станувам професионалец и давам максимум за мојот тим“, изјави Инзаги.

Лацио го расипаа враќањето на Инзаги за прв пораз на Интер оваа сезона

> Инзаги се заблагодари за добредојдето, призна дека Интер ја „загубиле главата“ <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути