Утрински Весник
Спорт

Злато со светски рекорд за Пападакис и Гијом

Злато со светски рекорд за Пападакис и Гијом

Француската двојка, Габриела Пападакис и Гијом Сизерон, со светски рекорд, го освоија златниот медал во танцови двојки, во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Пападакис и Сизерон, го задржаа првото место по слободната програма и со вкупно 226,98 поени го освоија златото, кое поради бизарен инцидент не го освоија пред четири години во Пјонгчанг.

Со златото во Пекинг, Французите ја комплетираа импресивната низа на трофеи. Пападакис и Гијом имаа четири светски и пет европски златни медали и трофеи оф Гран при натпреварите.

Второто место им припадна на Викторија Синицина и Никита Кацалапов од Русија, а бронзата заврши кај Американците, Медисон Убел и Кахари Донахју.

> Злато со светски рекорд за Пападакис и Гијом <

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград