Утрински Весник
Економија

Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка : оставени сме на работ

Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка : оставени сме на работ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка реагираат дека со затворањето на банката тие се оставени без лични парични средства.

„Се работи за илјадници семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочија со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција лиценцирана, регулирана и контролирана од Народна Банка“, велат тие.

Додаваат дека се соочуваат со уште една неправда.

„Еднаш покрадени од организираната кражба на нашите депозити во Еуростандард банка и сега повторно покрадени во стечајната постапка. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени“, информираат од здружението.

Додаваат дека се како што велат „ уникатен пример за рушење на темелните вредности на уставниот поредок на државата“.

Според нив јавноста треба да знае дека ниту една од 2.000 фирми депоненти на банката не добила ниту денар обештетување од Фондот.

Велат дека единствена институција во државата која може и треба да ја реши ситуацијата е Уставниот суд.

„Во пресрет на седницата на Уставниот суд што е закажана да се одржи оваа среда, на којашто како прва точка од дневниот ред e ставена иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на предметниот член од Законот за банки, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“, сака јавно да изрази надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Устав“, информираат од здружението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП