Утрински Весник
Македонија

Заев не е на координација во Собранието, потврдуваат од СДСМ

Заев бара двотретинско мнозинство за Законот за Јавно обвинителство

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево не е во Собранието на средба со пратеникот Јован Митрески, кој е координатор на пратеничката група на владеачката партија, ниту се планирани средби со собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети, потврдија за МИА од СДСМ.

Како што наведуваат од СДСМ, додека не помине  претресот на Законот за ЈО нема да се одржи седницата на која на дневен ред е предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која првично беше закажана за денеска во 15 часот.

Во Собранието од попладнево се одржува 135 седница на која на дневен ред е законот за јавно обвинителство и измени и дополнувања на законот за Совет за јавни обвинители.ац/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Салмонела причина за труењето во РЕК Битола, 120 вработени со стомачни тегоби

Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово