Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на повеќе патни правци

Забрана за камиони на повеќе патни правци

АМСМ соопшти дека поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка- граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

Претходно, забрана беше воведена и на патот Тетово-П.Шапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола

Нова драма во училиштето во Демир Хисар: Не ги даваат печатите