Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола

Pozar 3.webp.webp

На територијата на државава денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, како и во Октишка краст во општина Струга, во село Опае во општина Липково и во село Вирче во општина Делчево, каде гори ниска вегетација.


Под контрола се пожарите во село Радуша кон село Дворце во општина Сарај и во општина Арачиново, каде гори ниска вегетација, а во село Мало Илино во општина Демир Хисар гори дабова шума

Можете да прочитате

Левица: Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија – Бараме итен инспекциски надзор 

Паѓаат температурите во Македонија, следуваат локални врнежи и грмежи

Гордоста се гради со дела – Јакимовски потсети на времињата на Панчев, Трстена и Стефановски