Утрински Весник
Економија

„Епл“ ќе плати 113 милиони долари за намерно забавување на постарите модели на „Ајфон“

„Епл“ ќе плати 113 милиони долари за намерно забавување на постарите модели на „Ајфон“

„Епл“ се согласи да плати милиони долари во 34 држави поради контроверзната практика на забавување на старите „Ајфони“ со намера да им го продолжи векот на траење на батериите.

Американскиот гигант ќе плати 113 милиони долари за државите кои иницираа истраги против компанијата. Овој проблем на забавување на уредите ги налути корисниците на „Епл“.

Наместо да го открие проблемот или да ги замени батериите на своите корисници, во декември 2016 година, „Епл“ лансираше софтверско ажурирање што влијаеше на перформансите на постарите модели на „Ајфон“. Многумина веруваа дека „Епл“ се обидува да ги охрабри корисниците да купуваат нови „Ајфон“ телефони на овој начин.

„Големите технолошки компании треба да престанат да манипулираат со своите потрошувачи, тие треба да им ја кажат целата вистина за нивните политики и производи“, рече јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович.

Во тоа време, откако корисниците на постари „Ајфон“ телефони откриле проблем со уредите, компанијата јавно се извини за своите постапки и ја намали цената на батериите од 79 на 29 долари.

„Знаеме дека некои од вас сметаат дека ‘Епл’ ве изневери. Се извинуваме. Прво и најважно, никогаш не би направиле такво нешто за намерно да го скратиме животот на кој било производ на ‘Епл’ и да го влошиме корисничкото искуство”, соопшти компанијата во 2017 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите

Битиќи стави розови очила за ребалансот на Буџетот: Ова е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста

Дурмиши најави доколку има девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки