Утрински Весник
Македонија

Општините ќе добијат повеќе пари од ДДВ за справување со Ковид-19

Општините ќе добијат повеќе пари од ДДВ за справување со Ковид-19
Ss2

Општините да добијат повеќе пари од данокот на додадена вредност за полесно да се справат со пандемијата од Ковид-19, предвидува предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Во предлог-законот се предвидува во 2021 година, висината на приходите од данокот на додадена вредност да се обезбедат во висина од 4,5 отсто од просекот на наплатениот данок на додадена вредност во последните три фискални години, наместо 4,5 отсто од наплатениот данок на додадена вредност во последната година.

Ss1

„Измената се прави со цел да се олесни работењето на општините во време на Ковид-19, поради што Владата на Република Северна Македонија определи мерка – промена на пресметката на основата за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со којашто при издвојување средства за единиците на локалната самоуправа, наместо само за претходната година како досега, предвид ќе биде земена пресметката на просечната наплата на ДДВ за претходните три фискални години“, пишува во предлог-законот.

Законските измени беа ставени на дневен ред на денешната седница на Собранието, која што беше прекината. Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери информира дека дополнително ќе информира за продолжението на седницата.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица”