Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан навестува нов албум оваа година

Хитмејкерот во средата го прослави својот 30-ти роденден и ја искористи објавата на Инстаграм по повод специјалната пригода за да ги открие плановите за 2021 година.

Ед им рече на своите следaчи на социјалната мрежа дека годинава планира да издаде „четврти дел од серијата“, за која се шпекулира дека е референца на насловите на неговите албуми со математичка тематика, откако претходно ги објави плочите Plus (Собери), Multiply (Помножи) и Divide (Подели).

Покрај фотографијата од неговата роденденска торта и друга на која се гледа дете облечено како пират, тој напиша: „30 денес. Ви благодарам за сите ваши прекрасни пораки, се чувствувам многу сакано. Во моментов облечен исто како и на 3-ти роденден. Ќе се вратам онлајн со 4-то продолжение во серијата подоцна оваа година.“

Иако пејачот на мегахитот Shape of You не даде повеќе детали, се смета дека неговиот следен албум може да го следи истиот формат и да биде насловен Minus или Subtract односно „Одземи“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца