Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: Заев треба итно да побара распишување на нови избори

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Зоран Заев доколку има грам морал, совет и одговорносот веднаш да побара распишување на нови избори, велат од партијата Единствена Македонија.

„Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во контескт на битката за влијание во Македонија.

Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не можат да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат. Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија, бидејќи, СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку, преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно, после јазичната да се инагурира и територијална федерализација и на крај конечно распарчување на Македонија.

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има“, наведува Единствена Македонија во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“