Утрински Весник
Култура

Друштвото на писатели на Македонија одбележува 75 години постоење

Друштвото на писатели на Македонија одбележува 75 години постоење

На 13 февруари Друштвото на писатели на Македонија одбележува јубилејни 75 години постоење.

Во рамки на свечените активности Претседателството на ДПМ одлучи да покани во асоцијацијата неколкумина истакнати книжевни творци, чии дела веќе доживеале рецепција и валоризација и во домашната и во странски средини.

Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација.

Поканата за членство во ДПМ во оваа прилика ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска Анѓелков и Никола Маџиров.

Текстот Друштвото на писатели на Македонија одбележува 75 години постоење е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“