Утрински Весник
Економија

До 2026 година, воздушниот сообраќај нема да се врати на исто ниво како пред пандемијата

До 2026 година, воздушниот сообраќај нема да се врати на исто ниво како пред пандемијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот аеродром Хитроу предупреди дека постои голема опасност авионскиот сообраќај да не се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19 до 2026 година и покрај тоа што бројот на патници е зголемен во последните три месеци.

Аеродромот објави и дека загубите што ги претрпе од почетокот на пандемијата сега достигнаа дури 3,4 милијарди фунти.

Како што истакнаа, меѓународните воздушни патувања можеби се на работ на закрепнување, но има уште долг пат да се помине.

Според извештаите, аеродромот пријавил загуба од нешто повеќе од милијарда фунти во деветте месеци до крајот на септември, а изгубил 786 милиони во истиот период минатата година.

Компанијата во својот извештај предупреди дека воздушниот сообраќај најверојатно нема целосно да се опорави во следните пет години.

Џон Холанд-Кеј, извршен директор на аеродромот Хитроу, вели дека Велика Британија е на работ на закрепнување што ќе ја зголеми побарувачката, ќе создаде нови квалитетни работни места и ќе ја оживее британската економија, но исто така предупредува дека сето ова може да биде загрозено ако не се осигура на долг рок.

Тој ги повика земјите да се фокусираат на глобалната програма за вакцинација за да се овозможи меѓународното патување да се одвива без тестирање и повика на „фер“ финансиска регулација.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците