Утрински Весник
Македонија

Дете заврши со тешки повреди во болница по сообраќајна несреќа со мотор

Дете заврши со тешки повреди во болница по сообраќајна несреќа со мотор

Малолетник од Зелениково управувајќи мопед се удри со товарно возило.

Според информациите од полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера на локалниот пат Скопје – Пакошево.

„Мопед „баотиан“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Зелениково се судри со товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(65) од с.Зелениково. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола

Нова драма во училиштето во Демир Хисар: Не ги даваат печатите