Утрински Весник
Македонија

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

По повод 18-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

„Покојниот Борис Трајковски претставува една светла фигура од современата македонската историја. Тој силно веруваше во Македонија и нејзината иднина. Дома и во светот ќе остане запаметен како човек кој силно се бореше за мирот и стабилноста не само на Македонија, туку и на целиот регион. Неговата љубов кон Македонија и кон народот, но и неговите морални и професионални принципи беа и ќе останат пример за тоа како со силна волја и посветеност се премостуваат сите предизвици и се решаваат проблеми во духот на европските и демократските вредности.

Во овие тешки и мрачни времиња, визионерството на Трајковски треба да биде ѕвезда водилка во решавањето на секаков конфликт. Разумот и разбирањето се основата на дијалогот кој секогаш води до целта, а тоа е мирот и просперитетот. Борис Трајковски е симболот на овој дијалог меѓу различните луѓе, меѓу различните религии, култури и цивилизации“, велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“