Утрински Весник
Македонија

Голема акција на МВР, приведени десетина полицајци

DSC

Во голема полициска акција, според информации од МВР уапсени се десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Високи извори од МВР посочуваат дека акцијата се спроведува по повеќе од една година истрага и документирање на работата на криминалната група.

Покрај МВР во акцијата се вклучени и Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол. Истите извори вчерашниот брифинг од опозицијата посочуваат дека бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Акцијата е во тек, а од МВР детали најавуваат по нејзиното завршување.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата