Утрински Весник
Македонија

Во Берово објавен јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Во Берово објавен јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Берово, 13 февруари 2020 (МИА) – Во Берово e објавен јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од општинскиот буџет за 2020 година. Распределбата на средствата, како што информираат од општината, ќе се врши согласно програмските активности на здруженијата и фондации.
-Средствата од Буџетот на Општина Берово во вкупен износ од 300 илјади денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми и проекти. Активностите на апликантите согласно првата мерка треба да бидат насочени кон локален економски развој, туризам, заштита на животната средина, социјална кохезија, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, образование, култура и спорт, информираат од општината.
Распределбата, како што додадоа, ќе се врши врз основа на одлука на Советот на Општина Берово, на предлог на комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој формирана од советот.
-Доделените средства треба да се користат исклучиво за намената за која се доделени и на начин определен во предлог-проектот. Во рок од 30 дена по завршувањето на своите програмски активности, а најдоцна 31 јануари наредната година, здруженијата на граѓани и фондации треба да достават финансиски и наративен извештај за користењето на средствата, според дадените формулари за наративен и финансиски извештај, додадоа од општината.
Рокот на поднесување на пријавите е до 28 февруари 2020, а повеќе детали околу критериумите и начинот на пријавување се објавени на општинската веб-страна. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје на локалните избори 2025

Во пожарите во село Крапа изгореле сите овци на локален сточар, граѓаните се организираат да му помогнат

Следува продор на значително поладен воздух од север во Македонија