Утрински Весник
Здрав Живот

Каде луѓето грешат: Научни истражувања кои ги побиваат митовите за никотинот

Каде луѓето грешат: Научни истражувања кои ги побиваат митовите за никотинот

Скопје, 13 февруари 2020 (/) – Научни истражувања покажуваат дека никотинот не е примарниот причинител за болестите поврзани со пушењето. „Економист“ објави научна дискусија за е-цигари во краток документарен филм насловен „Vaping: Што луѓето се прават погрешно“.

„Економист“ ги разгледува реакциите против vaping-от, кои се засилување на митовите за електронските цигари кои содржат никотин, а кои не се поддржани со научно истражување.

Во видеото се прикажува Роберт Вест, професор по здравствена психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој вели „Загриженоста се однесува на корисниците на е-цигари кои ги користеле истите да престанат да пушат, ќе се вратат на пушење. Ако тоа се случи, многу животи ќе бидат изгубени“.

-Иако не се согласуваме со сите гледишта изразени во видеото, истото дава урамнотежена перспектива за проблемот со vaping-от во САД и во останатите земји и за опасностите од забраната на електронските цигари или нивно несоодветно регулирање, пишува „Економист“. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana