Утрински Весник
Магазин

„Ворнер Брос“ им зададе удар на кино-операторите со стриминг во ист ден

„Ворнер Брос“ им зададе удар на кино-операторите со стриминг во ист ден

Студиото „Ворнер Брос“ на телекомуникацискиот гигант „Еј-ти енд Ти“ премиерно ќе ги прикаже сите свои филмови од 2021 година во киносалите и на стриминг-платформата „ХБО макс“ истиот ден, соопшти компанијата во четвртокот, промена без преседан што ги покоси акциите на кино-операторите.

Филмовите, меѓу кои и „Годзила против Конг“ и „Одред самоубијци“ ќе бидат достапни на „ХБО макс“ за еден месец, истиот ден кога ќе се појават во киносалите, се вели во соопштението на студиото.

Акциите на „АМЦ Ентертејмент“, најголемиот кино-оператор во светот, паднаа речиси 16 проценти, а на ривалот „Синемарк“ паднаа за околу 22 проценти.

Промената, предводена од извршниот директор на WarnerMedia, Џејсон Килар, е досега најагресивен потег на предвремено донесвање на филмови во домовите, што предизвика шок во Холивуд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца