Утрински Весник
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од малтретирањето на Ромчето во Кочани

Dad8b227 54e1 40ba A547 826a5a541f20
300x250 (7)

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од тепањето и малтретирањето на детето Ромче во Кочани.

Насилниците го прашуваат од каде, кој му е дедо и што бара таму, при тоа извршувајќи психичко и физичко насилство врз него.

Ss1

Кривична пријава против непознат сторител поради малтретирање и претепување на малолетник во инцидентот од неделата вчерта кој се случи во кочанската населба Трајаново Трло во Кочани, поднесе Здружението на правници Роми од Скопје.

Од Здружението посочуваат дека е документиран случајот со физичката пресметка во која 10-годишно дете од ромска националност било задржано и претепано од неколку повозрасни и непознати лица.

„Во јавноста дополнително излезе видео на кое се гледа како лица, на кои не може да им се утврди идентитетот, му нанесуваат тешки физички повреди на малолетник кој наводно влегол во двор од семејна куќа во обид да изврши кражба. Видеото е испратено и до Министерство за внатрешни работи. Здружението на правници Роми најостро ги осудува физичките напади врз малолетни лица мотивирани од предрасуди со етничка димензија, вклучително и овој случај каде жртва на насилство е дете на кое му е потребна итна психо-социјална поддршка и ресоцијализација заради нормално функционирање и правилен развој“, посочија во дописот од Здружението на правници Роми.

Од Здружението бараат надлежните институции итно да го расветлат и да му дадат разрешница на случајот, а до медиумите апелираат за соодветно информирање на јавноста, согласно етичките вредности и принципи од Кодексот на новинарите.

Ss1

Можете да прочитате

МЕТЕО НАЈАВА: ПРВИ И ЗА ВТОРИ МАЈ, КАКО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да сноси одговорност

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена