Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема план како ќе се одвива наставата во новата учебна година

ВМРО-ДПМНЕ: Нема план како ќе се одвива наставата во новата учебна година
Dik 300x250 mk

Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вели дека нудат конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.

„Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука додаваат дека како и за многу други аспектим власта на Заев потфрлила и во овој аспект и покажала целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски

Ахмети: Не се повлекувам, јас победив на овие избори